Интензивирање на борбата против ИД

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер изјави дека Вашингтон и сојузниците се согласиле да ги зголемат трошоците и напорите во нивната кампања против милитантите на Исламската држава. Тој по средбата во Штутгарт со министрите за одбрана на 11 земји кои учествуваат во коалицијата против ИД не прецизира за што конкретно станува збор. Во коалицијата се вклучени Австралија, Нов Зеланд, Канада, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Шпанија и Британија. „Она што го правиме е важно за цивилизацијата“, оцени Картер.