Кејсиќ се откажа од трката за претседателски кандидат

Џон Кејсиќ се откажа од неговиот обид да биде номиниран за претседателски кандидат на Републиканската партија. Тоа значи дека најверојатен кандидат на републиканците ќе биде Доналд Трамп. Оваа одлука на гувернерот на Охајо дојде само еден ден откако сенаторот од Тексас Тед Круз соопшти дека се откажува од трката за претседателски кандидат. Според раководството на Републиканската партија последната победа на Трамп во Индијана јасно стави до знаење дека Трамп е најверојатен кандидат на претседателските избори во ноември годинава.