Повторените избори, удар за српскиот премиер Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ постигна лоши резултати на вчерашните повторени избори во неколку изборни места. Коалицијата Двери ја достигна потребната квота од 5 насто и доби 13 пратеници во парламентот кој има 250 места. Ваквиот резултат е удар за Вучиќ кој сега ќе има 131 пратеник во парламентот, 27 помалку пред да ги свика предвремените избори. Доколку Двери не успееше да ја постигне квотата за влез во парламентот тогаш конзервативната Српска напредна партија на премиерот Вучиќ ќе имаше уште седум пратеници повеќе. Изборите беа повторени поради неправилности на тие места при гласањето што се одржа на 24 април.