Британија и Франција бараат состанок на СБ на ОН за Алепо

Алепо

Британија и Франција побараа итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради жестоките судири во сирискиот град Алепо. „Алепо гори, а тамошните цивили страдаат“, изјави британскиот амбасадор во ОН Метју Рајкрофт. Според францускиот амбасадор Франсоа Делатр, Алепо е под постојано бомбардирање од 2012 година. Притоа тој оцени дека станува збор за град во кој е центарот на отпорот против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.