Времето денеска: променливо облачно со повремен дожд

Во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, почест во западните и северните делови. Попладне ќе има почести сончеви периоди. Преку денот ќе дува умерен северозападен ветер кој долж Повардарието ќе биде повремено со посилен интензитет. Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната од 12 до 19 степени. Во Скопје претпладне претежно облачно со повремен дожд, а попладне облачноста ќе се намали и ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до околу осум, а дневната ќе достигне до 15 степени.