НАТО испраќа трупи во Литванија

Амеиканскиор државен секратеар за одбрана Еш Картер го поддржа планот на Германија да испрати трупи во Литванија и да ги увери источноевропските сојузници на НАТО во претпазливоста од Русија.

„Мислам дека е важно, но тоа е одлука која Германија ќе ја донесе во контекст на НАТО“, рече денеска Картер во Штудгард.

Германскиот министер за одбрана ја истакна подготвеноста за распоредување на ротирачки контингент во Литванија од 150 до 200 војници за зајакнување на боребната способност по должината на источното крило на НАТО.

„Русија продолжува да го крши суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, Грузија, Молдавија и всушност се обидува да ги заплаши своите балтички соседи“, рече Картер.