Воздушни напади на САД и коалицијата во Сирија и во Ирак

САД и нивните сојузници извршија 29 воздушни напади врз цели на групата на Исламската држава во Сирија и во Ирак, вклучително и во северниот град Мосул кој е под контрола на милитантите, се вели во соопштението на коалицијата.

Во Ирак беа извршени 25 напади, од кои седум во близина на упориштето на ИД во Мосул. Ирачките власти оваа година информираа дека ја преземале контролата врз градот, иако останува прашањето дали е тоа можно.

Во Сирија беа извршени четири напади во неколку градови, каде беше погоден финансиски центар на ИД и складиште за оружје.