Пет дена не пристигнал ниту еден мигрант во Грција

Петти ден по ред во Грција нема пристигнато нови бегалци и мигранти од Турција, соопштија локалните власти.

Сепак, повеќе од 7.000 мигранти и бегалци се уште чекаат нивните податоци да бидат обработени во центрите на грчките острови Лезбос, Хиос и Лерос, во согласност со договорот меѓу Европската унија и Турција, кој многу бавно се спроведува откако влезе во сила на 20 март.

Околу 2.000 од 7.044 бегалци кои се заглавени на островите се сместени во отворени центри за сместување или биле ослободени од центрите, по истекот на рокот од 25 дена откако поднеле барање за азил и не добиле одговор на нивните барања.