Турски авион слетал вон пистата во Приштина

Авион на „Туркиш ерлајнс“ кој доаѓал од Истанбул синоќа при слетувањето излегол надвор од пистата на аеродромот во Приштина. Според тамошните медиуми, во инцидентот немало повредени во авионот во кој имало 143 патници и осуммина членови на екипажот. Приштинскиот аеродром е привремено затворен се до завршување на истрагата за несреќата.