По повеќе децении американски брод пристигна во Хавана

За прв пат по повеќе децении американски брод се закотви на Куба, што е еден од последните знаци дека се одмрзнуваат односите мѓу Вашингтон и Хавана.

Стутици луѓе беа со кубански знаменца во рацете, кога бродот „Карневал Круз“ пристигна денеска во Хавана.

Бродот со 700 патници на 1 мај тргна од Мајами. Американскиот претседател Барак Обама и кубанскиот претседател Раул Кастро го започнаа процесот на обновување на односите на крајот на 2014 година, но трговското ембарго кое може да го повлече единствено Конгресот останува на сила.

Во март, Обама стана првиот американски претседател кој ја посети Куба во скоро 90 години.