Украински фирми бараат арбитража за изгубен имот на Крим

Две украински енергетски компании кои изгубија контрола на нивниот имот на Крим, кога Русија го анектираше украинскиот Полуостров, побараа арбитер на ОН да им утврди надомест за штетата.

Компаниите „Укрнафта“ и „Стабил“ случајот го изнесоа во јуни 2015 година, тврдејќи дека Русија ги прекршила нејзините обврски според руско-украинскиот Договор за билатерални инвестиции, за експропијација на инвестициите на фирмите во бензински пумпи, на Полустровот на Црното Море.

Постојаниот арбитражен суд во Хаг денеска го објави случајот во јавноста.

Русија соопшт дека судот нема надлежност за случајот и досега одбиваше да учествува во постапката.