Пронајдени гранати на комеморација во Украина

Полицијата во украинскиот пристанишен град Одеса соопшти дека пронашла три рачни гранати, пред комеморативната церемонија каде беа убиени 48 лица во судирите меѓу про-руските и про-украинските демонстранти во 2014 година.

Полицијата во Одеса инфоримираше дека гранатите биле најдени во подвозник во близана на областа Куликово, каде загинаа луѓето во судирите на 2 мај 2014 година.

Полицијата соопшти дека денеска добиле анонимен телефонски повик, при што повикувачот предупредил дека областа е минирана.

Шефот на полицијата во Одеса, Ѓорги Лордкипанидзе рече дека 3.000 полицијаци ја проверувале областа.

Тие веалт дека комеморативната церемонија ќе се одржи според планираното.