САД почнува воена вежба во Молдавија

Илустрација.

Молдавската влада соопшти дека околу 200 американски војници денеска ќе пристигнат во Молдавија, за одржување на воени вежби кои треба да траат повеќе од две недели.

Министерот за одбрана во Кишињев изјави дека трупите на САД ќе пристигнат од Романија во десетици оклопни возила.

Исто така 165 молдавски војници ќе учествуваат во вежбите.

Американската амбасада во Кишињев соопшти дека во воените вежби ќе бидат вклучени основни операции за уривање, медицинско лекување и евакуација и други.

Молдавската про-руска опозиција вели дека ќе одржи протест против вежбите.

Малдавија во 1994 година се приклучи во програмата за Партнерство за мир на НАТО.