Трамп: победувам и без единството на републиканците

Фаворитот во трката за претседателски кандидат на Републиканската партија Доналд Трамп ги повика републиканците да се обединат зад неговата кандидатура, потенцирајќи дека тој во секој случај ќе победи. Трамп води во кампањата во Индијана каде што утре се одржуваат важни партиски избори кои можат значително да влијаат дали Трамп ќе ја добие номинацијата. Ако победи, тој ќе ја запечати својата предност и може да обезбеди номинација и пред партиската конвенција. Неговите ривали Тед Круз и Џон Кејсиќ се надеваат дека ќе успеат да му одземат голем број делегати пред одржувањето на конвенцијата.