„Фајненшл Тајмс“ за Јанева - жена воин ја тресе македонската елита

„Жена воин од мало гратче ја тресе македонската елита“. Со ваков наслов престижниот лондонски весник за бизнис и економија „Фајненшл Тајмс“ ја претставува специјалната обвинителка Катица Јанева, за која пишува дека е како „камшик за македонската корумпирана елита и невообичаена икона на протестите за време на политичката криза“.

Весникот ја опишува работата на обвинителката и наведува дека Обвинителството се сочува со многу пречки, вклучително и обезбедување на сведоци, нотирајќи дека „може да стане уште потешко откако Коста Крпач, еден од сведоците, умре откако беше застрелан во градите“, пишува лондонскиот весник. Во текстот пишува и за амнестијата од страна напретседателот Ѓорге Иванов. „Фајненшл Тајмс“цитира и странски дипломат кој укажува дека помилувањата на претседателот покажуваат дека Јанева станала опасна.

„Ако претседателот има намера да продолжи со помилувањето на луѓе кои се обвинети, тој ќе биде многу зафатен, бидејќи ние нема да запреме“, изјавува Јанева за „Фајненшл Тајмс“. Во разговорот со новинарот на „Фајненшл Тајмс“, Јанева зборува и за љубовта кон музички ТВ емисии, омилениот филм. Новинарот опишува и дека за време на разговорот со Јанева луѓе барале автограми од неа.