Во Косово 11 лица осудени поради тероризам

Судот во Косово осуди 11 лица за врбување и учество во терористички групи, јавија косовските медиуми.

Само двајца се осудени на шест месеци затвор поради поседување на оружје, а останатите добиле казна затвор од три до 4,5 години.

Според власти околу 70 косовски државјани се на боиштата во Сирија и во Ирак, но тврдат дека минатата година ниту еден Косовец не се приклучил кон Исламска држава.