Се урна хеликпотер во Норвешка

Медиумите во Норвешка известуваат дека 11 луѓе се најдени од урнатиот хеликоптер на западниот брег на земјата. Норвешката телевизија НРК го цитираше Координативниот центар за спасување за бројот на жртвите, наведувајќи дека хеликоптерот со екипаж од двајца пилоти пренесувал 11 работници од нафтените платформи на Северното Море, кога се урнал близина на брегот на Берген, вториот град по големина. Со платформата за нафта управува норвешката државна компанија „Статоил.“