Американски борбени авиони во Литванија

Два од најнапредните авиони ловци на американската воена авијација за прв пат слетаа во Литванија во знак на поддршка на регионот во кој постои загриженост поради руската агресија во Украина. Станува збор за авионите од типот „Ф22“ кои претходно беа видени и во Полска, Естонија и Романија. Тие се скоро невидливи за радарите и, според наводите, имаат толку напредна технологија што американскиот Конгрес и забрани на фирмата „Локид Мартин“ да ги продава во странство. Литванија, според шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, била „најрусофобичната земја на Балтикот“.