ОН проценуваат дека во Украина загинале 9333 луѓе

Обединетите нации проценуваат дека во досегашниот конфликт во источна Украина загинале 9333 луѓе. Во март таа бројка изнесуваше 9160. Бројот на ранетите е околу 21 илјада и 400. Во извештајот се наведува дека борбите посебно ескалирале во изминативе неколку недели и тоа на ниво како во август 2014 година кога биле најинтензивни. Двете страни во конфликтот, украинските владини сили и сепаратистите поддржани од Русија, се обвинуваат и за тоа што не им овозможуваат на меѓународните монитори да вршат контрола на примирјето постигнато во февруари лани.