Најмалку 60 загинати во изминатите 48 часа во Сирија

Шефот на хуманитарната мисија на ОН за Сирија, Јан Егеланд денеска изјави дека во последните 48 часа има „катастрофално влошување“ на ситуацијата во Алепо и во делови на Хомс.

Говорејќи по воздушните напади во делови на Алепо под контрола на бунтовниците, кога беше погодена болница и други згради и при што загинаа 60 цивили, Егеланд рече дека не се сомнева во сериозноста на ситуацијата.

Француската група за помош „Доктори без граници“ соопштија дека најмалку 14 пациенти и шест медицински лица се меѓу 30 загинати во воздушниот напад којшто ја уништи болницата.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија соопшти дека најмалку 20 луѓе се загинати во друг воздушен напад кој се случил денеска.