Трамп ветува подобри односи со Русија

Доналд Трамп, водечкиот кандидат на Републиканската партија за претседателската трка изјави дека, ако биде избран за претседател, ќе работи на подобри односи со Русија и Кина. Според него можно е намалување на сегашните тензии со Москва и од, како што рече, „позиција на сила“, но и врз основа на „заеднички интереси“. Трамп додаде дека американските сојузници не го носат нивниот дел од товарот што се однесува до безбедноста и затоа Вашингтон би требало или да бара НАТО членките повеќе да трошат за таа намена или да ги пушти да се бранат сами. Според него, политиката на администрацијата на Барак Обама го претвори Иран во „голема сила за кратко време“.