Времето денеска: умерено облачно

Во Македонија ќе биде стабилно и суво. Преку денот ќе има умерена облачност, а наместа особено во западните делови ќе има извесно зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од 17 до 25 степени. Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 22 степена.