Шарената револуција ги обои плакатите на Иванов и Груевски

.

Демонстрантите пред зградата на Владата поставија два плакати, едниот со ликот на Никола Груевски на кој пишуваше “Мафија” и вториот со ликот на претседателот Ѓорге Иванов на кој пишуваше “Аболиција”.

Дел од демонстрантите потоа врз двата плакати фрлија бои, како и во претходните денови кога беа обоени барокните фасада на дел од минисстерствата и други институции.

Предходно пред Собранието граѓаните положија цвеќе пред споменикот на претседателот на Крушевската република Никола Карев, по повод 111годишнината од неговата смртт. Таму се одржаа и говори на активисти, политичари и други граѓани.

Пратеникот од СДСМ Стефан Богоев порача дека Шарената револуција е најдобриот одговор на режимското сивило кое владее десет години.

Граѓаните веќе 14 ти ден протестираат по одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари и нивни соработници.