Грција депортираше 12 Сиријци во Турција

Грчките власти денеска соопштија дека во Турција вратиле 12 Сиријци, меѓу кои жена и четири деца, согласно договорот меѓу ЕУ и Анкара постигнат со цел запирање на приливот бегалци и мигранти, и најавија изградба на четири нови кампови.

Таа група бегалци е вратена со авион на Фронтекс од Лезбос во Адана, град на југ во Турција. Според тој договор, досега 386 луѓе се вратени во Турција.

Грција најави изградба и на четири нови кампови за бегалци и мигранти со цел постепено за да го ослободио кампот во Идомени.

Портпаролот задолжен за прашања на бегалци и миграција, Јоргос Кирицис изјави дека Владата се надева оти во следните 10 дена ќе смести најмалку 4.500 луѓе во нови и веќе постоечки кампови. Тоа е повеќе од една третина од луѓето кои се моментно во Идомени.

Кирицис прецизира дека камповите ќе се градат во четити области околу Солун.