Петмина загинати во источна Украина

Сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина соопштија дека најмалку пет луѓе биле убиени во напад врз контролен пункт во градот Јенеливка.

Претставникот на про-руските сепаратисти Едуард Басурин во регионот Доњецк изјави дека десет цивили се повредени при нападот на украинските сили.

Луѓето наводно чекале десет часа за да поминат во територијата контролирана од владините сили на Украина.

Киев гие демантира обвинувањата на сепаратистит.

Портпаролот на граничната конторла Анатолиј Котсурба беше цитиран како вели дека имало експлозија во контролниот пункт, но дека не е пукано од ниту една страна.