Во Косово акција на Еулекс против организиран криминал

Мисијата на Еулекс на Косово денеска покрена голема операција против организираниот криминал, соопштија локалните медиуми.

Според приштинските медиуми, полицијата уапси еден пратеник од владејачката партија и извршен претрес во голем број барови и ресторани кои навводно ги водат припадници на криминалните банди, пренесува Танјуг.

Еулекс ја предводи операцијата со помош на косовската полиција, при што двете страни одбија да ги потврдат апсењата на пратеникот, наведувајќи само дека е во тек „голема операција под раководство на Еулекс“.

Локалните медиуми наведуваат и дека е уапсен поранешниот возач на тој пратеник и дека постои список на 51 лице по кои трагаат властите.

Станува збор за лицата на високи позиции, вклучуајќи судии, општински функционери и други.