Убиен ерменски војник во Нагорно Карабах

Де факто официјалните претставници на сепаратистите на отцепениот регион Нагорно Карабах, денеска изјавија дека уште еден нивни војник бил убиен во текот на ноќта од страна на силите на Азербејџан.

Лидетите на сепаратистите исто така ги обвинија силите на Азербејџан за прекршување на договорот за прекин на огнот,постигнат овој месец со посредство на Русија.

Министерството за одбрана на Азербејџан, од друга страна, денеска ги обвини силите Азербејџан дека 120 пати го прекршиле договорот во последните 24 часа.

Вчера, сепаратистичките лидери соопштија дека двајца војници биле убиени од азербејџанските сили.

Последниот договор за прекин на огнот беше постигнат на 5 април.