Давутоглу: Секуларизамот ќе постои во новиот устав на Турција

Принципот на секуларизам ќе постои во новиот устав на Турција, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу, откако претседателот на Парламентот предизвика незадоволство во јавноста со повик за верски устав.

Давутоглу ја даде оваа изјава во обраќање пред својата Партија на правдата и развој во Парламентот.

Претседателот на Парламентот Исмаил Кахраман, оваа недела изјави дека во претежно муслиманска Турција има потреба од верски устав. Тој предлог е спротивен на принципите, врз кои е формирана модерната турска република.

Подоцна Кахраман изјави дека неговата изјава била негово лично мислење и оти новиот устав треба да ги гарантира верските слободи.