Фридом хаус: Македонија неслободна земја за медиумите

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Во најновиот извештај на Фридом хаус за слободата на печатот Македонија од групата делумно слободни падна во групата неслободни земји. Тоа е поради обелоденувањето на масовно и нелегално прислушување новинари од страна на владата и корупциските врски меѓу функционери и сопственици на медиуми.