Примирјето во Сирија под прашалник

Воздушните напади и бомбардирањата во сирискиот град Алепо во кои загинале најмалку 25 луѓе претставуваат закана за кршливото примирје во таа земја. Генералниот секретар на ОН Бан КИ Мун изјави дека е длабоко загрижен поради продолжувањето на борбите и побара од владата и од главните опозициски групи да го почитуваат двомесечниот прекин на огнот и да ги продолжат мировните преговори во Женева. Сириската главна опозициска група, Високиот комитет за преговори престана да учествува на преговорите во минатата недела по владините воздушни напади и недоставувањето хуманитарна помош за жителите на опколените градови.