Помалку странски борци за ИД во Ирак и Сирија

Американскиот генерал мајор Питер Герстен изјави дека се намалува бројот на странски борци кои им се придружуваат на милитантите на Исламската држава во Ирак и Сирија. Според него, во минатата година на ИД месечно и се придружувале по околу 2 илјади странски борци, додека сега таа бројка е 200 месечно. Генерал Герстен додаде дека во исто време се зголемува и бројот на оние што дезертираат од редовите на ИД. Тој сепак не кажа колкава е приближната бројка на милитанти во ИД.