Времето денеска: сончево со умерена облачност

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб, а во западните и во југозападните делови повремено умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 15 до 23 степени. Во Скопје слично време, сончево и потопло. Ќе дува слаб, повремено умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти околу нулата, а дневната ќе достигне до 20 степени.