Протести низ неколку градови во Македонија

По неколку стотици граѓани денеска излегоа на протести во внатрешноста на Македонија. Протести за прв пат вечерва се одржаа во Тетово каде што демонстрантите со транспаренти „Судство во отсуство“ и сплотени знамиња на националностите од земјава, порачаа доста молчевме.

Протестот на „Протестирам“ под мотото “Нема правда нема мир” во Кичево започна од градскиот плоштад по булеварот и заврши пред зградата на основниот суд во Кичево.

За граѓаните од Велес ова е седми ден на простест. Протестите веќе втора недела по ред не стивнуваат ниту во Струмица.

Демонстрантите обединети под граѓанската платформа #Протестирам и #Шарена револуција бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и е покренато обвинение од Специјалното обвинителство. Се бара итна и неотповиклива оставка на Иванов од функцијата претседател на Република Македонија, произнесување на Уставниот суд за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, како иформирање на специјално одделение во Кривичниот суд за случаите на СЈО.