Наумов: Ново задолжување на Владата од 1,2 милиони евра

Дополнителниот заменик министер за финанси Кире Наумов соопшти дека со денешната аукција на државни хартии од вредност Министерството за финансии направило ново задолжување од 1,2 милиони евра.

„Втора недела по ред се запишуваат нови долгови и покрај тоа што не доспеваат државни хартии од вредност за враќање. Се уште нема никакво објаснување за која намена се средствата од новите задолжувања. Веќе наредната недела, со оглед на состојбата на државната каса, се очекува ново задолжување од 100 милиони евра“, се вели во соопштението од Наумов.

Финансиската состојба, се додава во соопштението, дополнително ја усложнија и одлуките на меѓународните финансиски институции да прекинат со кредитирање до завршувањето на изборите.