Иран најави легална акција околу неговите замрзнати сметки

шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф

Иран се закани дека ќе преземе легална акција пред Меѓународниот суд на правдата против САД доколку 2 милијарди долари во замрзнатите ирански сметки бидат пренаменети за компензација на американските жртви на тероризмот. Ова го изјави шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф на прес конференција во Техеран со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски. Одлуката за пренасочување на парите што ја донесе американскиот Врховен суд, според официјален Техеран, е еднаква на кражба.