Ослободени членовите на „Левица“

Преставници на партијата „Левица“ на почетокот на протестот, којшто и денеска се одржува пред Специјалното јавно обвинителство, соопштија дека се ослободени нивните членови од притвор. Членот на раководството на Левица, Здравко Савески изутрината бил повикан на информативен разговор во полициска станица, по што беше приведен и одведен пред јавен обвинител и судија во предистражна постапка, а беше најавено дела имало барање за определување на мерка притвор, соопшти политичката партија Левица. Од партијата соопштија дека за уште тројца наши членови на највисоките раководни партиски органи им се стигнати покани за информативни разговори, кои се товарат за насаните поврзани со масовните протести на Движењето #Протестирам и т.н. Шарена револуција“, соопшти Левица.