САД и Белорусија дискутираат за враќање на амбасадорите

Високиот дипломат на САД во Белорусија, Скот Рауланд и белорускиот министер за надворешни работи, Уладзимер Макеј денеска изјавија дека нивните земји се подготвени да дискутираат за можното враќање на нивните амбасадори.

Макеј во Минск посочи дека „постои подготвеност од двете страни за целосна нормализација на односите.“ Тој додаде дека САД и Белорусија „не смеат мешусебно да се гледаат преку нишан, туку морат да зборуваат и да отворат дијалог.“

Рауленд изрази надеж дека тема на разговорите со земјата, во идниот период годинава, ќе биде враќањето на амасадорите. Белорусија во 2008 година го отповика својот амбасадот од Вашингтон, откако САД воведе санкции против Белорусија.