Турција го осуди интервјуто на Би-Би-Си со ПКК

Турција денеска го осуди Би-Би-Си за направено интервју со шефот на забранетата Курдска работничка партија (ПКК), Чемил Бајик, пренесува ДПА. „Ваквите видови напори да се ослободи терористичка организација немаат никаква врска со новинарство“, изјави Ибрахим Калин – портпарол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердгоан.

Тој додаде дека овозможувањето на лидерот на ПКК да ги претстави своите ставови како „одговорни и легитимни барања“, не се ништо друго туку индиректна поддршка на терористичката пропаганда.

Британскиот јавен сервис го интервјуираше Бајик во северен Ирак, каде ПКК има бази. Тој во интервјуто го обвини Ердоган за ескалација на војната во југоисточна Турција. „Курдите ќе се бранат до самиот крај, се додека е ваков турскиот пристап се рабира дека ПКК ќе ја ескалира војната“ рекол тој според Би-Би-Си. Тој исто така негирал дека ПКК се обидува да создаде независна курдска држава.