ПССЕ во предизборна посета на Македонија

Делегација на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предводена од социјалистот од Австрија, Стефан Шенах, на 26 и 27 април ќе престојува во Македонија во предизоборна мисија. Целта на посетата е да се направи проценка на предизборната кампања и политичката клима за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни.

Според соопштението од ПССЕ во делегацијата, покрај Шенах, се наоѓаат уште шест други членови кои ќе имаат средби со претседатеот на Собранието и министерот за внатрешни работи на Република Македонија.

Во соопштението се наведува дека делегацијата на ПССЕ има предвидено и средби со претставниците на политичките партии кои учествуваат во изборите, претседателот и членовите на ДИК, Јавниот обвинител, како и со членовите на дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните организации, граѓанското општество и медиумите.