Обама повика на европско единство

Претседателот на САД, Барак Обама повика на европско единство, за време на денешната посета на германскиот град Хановер. Говорејќи на саемот за индустриска технологија, Обама рече: „силна и обединета Европа е неопходност за светот.“

Обама исто така повика секоја членка на НАТО целосно да придоноесе со својата партиципација во воениот сојуз, велејќи дека Европа понекогаш е „безгрижна“ за својата одбрана. Тој изјави дека инсистира на самитот на НАТО во јули во Варшава, сите членки на алијансата да преземат одговорност за безбедноста.

Обама, исто така, ги повика европските лидери да ги одржат санкциите кон Русија во врска со нејзината улога во Украина, се додека Москва не ги исполни обврските од договорот од Минск.