Протести во Казахстан против продажба на земја

Протестите во Атирау

Граѓаните на казахстанскиот град Атирау денеска излегоа на протеси против одлуката на властите да продава земјиште на аукција. Протестот се одржа на централниот плоштад, а демонстрантите стравуват дека со измените земјиштето ќе може да се продава и на странски државјани.

Казахстанските власти се обидоа да ги растераат демонстрантите и соопштија дека со измените не е загрозен јавниот интерес. Според нив, протестот не бил пријавен и затоа морал да биде прекинат. Протестот беше под силно полициско обезбедување.