Џорџ Клуни го предводеше маршот на Ерменците

Холивудскиот актер Џорџ Клуни заедно со ерменскиот претседател Серж Саркисјан.

Холивудскиот актер Џорџ Клуни го предводеше денеска маршот по повод 101-годишнината од убиствата на Ерменци во Отоманската империја за време на Првата светска војна. Клуни, кој се залага овој масакр да се признае како геноцид, вчера допатува во Ерменија. Тој заедно со ерменскиот претседател Серж Саркисјан и илјадници Ерменци положи цвеќе во Меморијалниот центар во Ереван.

За време на Првата светска војна се убиени околу 1,5 милиони Ерменци. Турција го оспорува бројот на жртвите и демантира дека Ерменците биле подложени на геноцид.