Обама пристигна во Германија

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама пристигна во Германија со цел да го поттикне потпишувањето на новиот трговски договор меѓу ЕУ и САД и да учествува на самит заедно со европските лидери на кој ќе стане збор за безбедносни прашања.

Обама е во посета на Хановер каде ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и заедно ќе присуствуваат на отворање на индустриско-трговски саем. САД учествуваат на саемот како партнерска нација за прв пат. Утре Обама и Меркел ќе присуствуваат на самитот на кој ќе учствуваат и лидери на Франција, Италија и Британија.