Северна Кореја успешно тестирала балистичка ракета

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.

Северна Кореја потврди дека истрелала балистичка ракета од подморница покрај нејзиниот источен брег, а операцијата била надгледувана од лидерот на земјата Ким Јонг Ун. Новински агенции од земјата јавија дека тестирањето било голем успех и и дало шанса на Северна Кореја за помоќен нуклераен напад. Портпаролот на американскиот Стејт Департмент, Џон Кирби изјави дека употребата на балистичка ракета е прекршување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.