Претседателски избори во Австрија

Во Австрија денеска се одржуваат претседателски избори во услови на незадоволство од власта во справувањето со мигрантската криза. За прв пат следниот претседател на земјата најверојатно ќе биде некој кој не е поддржан од ниту една од двете партии кои доминираат на политичката сцена од крајот на Втората Светска Војна.

Рејтингот на кандидатите од владејчката коалиција составена од централно левичарската Социјал-демократска партија и центристичката Партија на народот опаѓа споредбено со десно ориентираната Партија на слободата и на другите двајца независни кандидати.