Демонстрантите ќе протестираат и пред Уставен суд

Со паролата „Нема правда, нема мир“ граѓаните и денеска протестираат во Скопје. Демонстрантите од 18 часот започнаа да се собираат на старото место, пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, а потоа преку мостот ’Гоце Делчев’ треба да маршираат до Уствниот суд. Во повикот на Протестирам за денешниот протест во Скопје се наведува дека тие вечерва ќе протестираат пред еден од симболите на неправда и корумпираност - Неуставниот суд“. Демонстрантите меѓу другото бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство , и итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов.

Инаку, на 16 ти март, Уставниот суд на затворена седница, без присуство на новинари донесе одлука за укинување на измените на Законот за помилување од 2009-та година, со што претседателот на државата доби можност да помилува осуденици за изборни нерегуларности, педофили, наркодилери, како и лица осудени за дела против човечноста.