Орбан за влез на Македонија и Србија во ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за германскиот неделник „Виртшафтвохе“ изјави дека се залага за проширување на Европската унија, и за членство на Македонија и на Србија. Според него, не е можно Грција да биде членка на ЕУ, а на север од неа да има држави, кои не се членки. Тој истакнува дека мигрантската криза го покажала тоа јасно и доколку се спроведе проширувањето на ЕУ тоа ќе донесе дополнителна енергија.