Северна Кореја истрелала ракета од подморница

Северна Кореја истрелала ракета од подморница на западноисточниот брег во близина на градот Синпо, соопшти министерството за одбрана на Јужна Кореја. Лансирањето на проектилот доаѓа во време на зголемена загриженост оти Пјонгјанг може да извршува нуклеарни проби. Северна Кореја во изминатите недели неколку пати истрела ракети и артилериски гранати во морето во знак на протест против постојните на САД и Јужна Кореја и поради заострените меѓународни санкции врз земјата поради нуклеарните тестови.