Уапсени 6 членови на Исламска држава во Турција

Турските власти уапсиле шест лица кои се осомничени дека се припадници на милитантната група Исламска држава и кои планирале да извршат напади во градот Коња, кој се наоѓа во централниот дел на земјата. Според локалните власти, групата подготвувала напади на „стратешки“ локации во градот. Турција од јули минатата година се соочи со шест бомбашки напади, при што за спроведувањето на четири од нив се обвинети припадници на Исламска држава.