Меркел во Турција за договорот за мигрантите

Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел и високи претставници на ЕУ денеска ќе ја посетат денеска турско-сириската граница. Целта на нивната посета е поттикнување на примената на договорот за справување со бегалската криза. Договорот беше потпишан на 20 март меѓу Турција и ЕУ, според кој мигрантите кои не ги исполнуваат условите за азил во Грција ќе бидат вратени во Турција. ЕУ вети шест милијарди евра помош на Турција за справување со бегалците.